Вардаровите ракометари слободно можат да си бараат нови клубови

Дибиров: Ни ги дадоа документите, ни кажаа дека од идната сезона Вардар ќе нема тим

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров вели дека ги добиле документите од клубот и слободни се да си бараат нови ангажмани за идната сезона, а информациите за спас на црвено-црните ги смета за обични гласини.

Вардар ја игра последната сезона под сопственост на Сергеј Самсоненко. Почесниот претседател на клубот, Михајло Михајловски неодамна им порача на ракометарите да не избрзуваат со пронаоѓање на нови клубови бидејќи веројатно Вардар ќе биде спасен.
 
„Тие зборови ги сметам за шпекулации. Јас се водам од официјални информации. Пред првиот меч со ПИК Сегед, директорот на клубот ни соопшти дека од следната сезона ќе нема тим. Ги добивме документите во раце и станавме слободни агенти. Друго ништо не знам“, изјави Дибиров за сајтот на Руската ракометна федерација.
 
Михајло Михајловски побара трпение до 10 мај.
 
„Едноставно не можам да коментирам за тоа. Повторно ќе речам, има факти, а тие се: Директорот кажа дека тимот нема да постои и играчите си бараат нови работи“.
 
„Немам договор со Брест Мешков. Тие пројавија интерес за мене, но тоа е само една од понудите кои ги имам добиено. Имам опции за Германија и други земји. Се уште размислувам. Кога ќе ја донесам одлуката, мислам дека мојот нов клуб веднаш е ја соопшти. Не е коректно да коментирам пред да потпишам договор. Сега е средина на мај, и јас и другите ракометари на Вардар треба да пронајдеме нови клубови“.
 
„Многу работи ми се поврзани со Скопје и Македонија и на спортски и на животен план. Мојата ќерка се роди тука. Вардар е прекрасен клуб со фантастични фанови. Имам само позитивни емоции. Се разбира ќе биде тажна разделбата со Македонија, Скопје ми стана втор дом. Но ние сме професионалци и нашиот живот е поврзан со селење. Веројатно ситуацијата ќе биде стресна за мојата жена Ирина и нашите деца. Но ништо не можеме да направиме, таков е животот на спортистите“.
 
„Најважно ја напуштаме Македонија со чиста совест и срце полно со љубов за клубот, градот и сите инволвирани во ракометот. Можеме да бидеме горди на тоа што го направивме во овој клуб“.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе