СЕХА Ф4 БРЕСТ

Дибиров: Немаме притисок, секоја година сме на фајнл-фор

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров вели дека тие веќе се навикнати на големи натпревари и без никаков притисок ќе влезат во одбрана на титулата во СЕХА лигата.

Вардар е подготвен за престојниот фајнл-фор турнир од СЕХА лигата кој се игра во Брест, Белорусија. Шампионот во полуфиналето ќе игра против домаќинот, Мешков Брест.
 
„Немаме притисок бидејќи веќе навикнавме да играме на вакви средби и тоа во континуитет. Секоја година сме на Ф4 и сакаме да ја освоиме СЕХА. Имаме респект кон Мешков Брест и овој тим има предност бидејќи игра дома пред своја публика, а секогаш кога игра на домашен терен игра подобро. Можеби им давам мала предност, но веќе е добро познато како ние се бориме под притисок. Ќе биде тешко, Брест има предност, но ние сме Вардар, смета Тимур Дибиров.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра утре со почеток од 20 часот.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе