Оваа титула е подрага од претходната

Дибиров: Можеби има поквалитетни екипи од нас, но никој нема поголемо срце

Тимур Дибиров вели дека оваа титула му е подрага од претходната поради начинот на кој ја изборија.

Вардар втор пат во три години е европски шампион. Тимур Дибиров и неговите соиграчи ги надминаа сите проблеми и повторно се искачија на ракометниот покрив на Европа.

„Имам желба оваа сезона никогаш да не заврши, да трае 365 дена. Многу сме среќни, вакво чувство имаш еднаш во животот. Оваа титула можеби ни е и подрага од онаа првата. Зборуваме дека Кил е институција, Барселона е институција, но ние од три пати освоивме две титули, не знам кој друг може тоа да го направи“, вели Тимур Дибиров.
 
„Нозете сами нè носеа, требаше да бидеме уморни бидејќи синоќа подоцна го завршивме натпреварот со Барселона, тие имаат и поголем ростер, но ние едноставно летавме по теренот. Можеби има тимови што се подобри во ракомет од нас, но никој нема поголемо срце“.

Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе