Лига на шампиони

Дибиров: Мора машки да го поднесеме поразот, Кил ни покажа до каде е овој Вардар

Тимур Дибиров вели дека ракометарите на Вардар мора машки да го поднесат тешкиот пораз од Кил, и додава дека пресметката со германскиот тим им покажала до каде се.

Вардар го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона и тоа со висок минус од 11 погодока. „Црвено-црните“ беа очајни во првото полувреме, Кил беше немилосрден, па гостите заминаа од Скопје со триумф од 20-31. 

„Честитки до Кил, мора машки да го поднесеме поразот, да му подадеме рака на противникот, победија чесно и коректно. Им благодарам што ни покажаа до каде е овој Вардар. Сега мора да работиме, треба да им се оддолжиме на луѓето кои навиваа во сала, пред телевизорот. Се обидовме да направиме кам-бек, но не бевме подготвени за такво нешто. Ќе анализираме, ќе видиме што се случи и да не дозволиме да се повтори“ - вели Тимур Дибиров кој се појави пред медиумите по тешкиот пораз. 

„Имавме колапс во првиот дел. Може да се поднесе кога некој играч ќе промаши една-две топки, но кога ќе промашува цела екипа... Ландин добро бранеше, ама тој не одбрани колку што ние промашивме и погодивме пречки и стативи“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе