Лига на шампиони

Дибиров: Мечевите против Кјелце се класика, секогаш е тензично и интересно, одиме на победа

Вардар утре игра натпревар од Лигата на шампионите, во салата „Јане Сандански“ гостува лидерот во групата, Кјелце, Тимур Дибиров ветува борба за победа против силниот противник. 

По речиси еден месец пауза, Вардар има нов предизвик во Лигата на шампионите, утре (четврток) од 18:45 часот, македонскиот тим игра против Кјелце.
 
„Натпреварите меѓу Вардар и Кјелце веќе се како ракометна класика, затоа што многу е тензично, секогаш интересно, со неизвесен резултат. Очекуваме ист таков меч и тука во Скопје. Сега не се плашиме поради тоа што немавме натпревари повеќе време, затоа што тој со Фленсбург покажа дека нема многу голема разлика и дека можеме добро да се носиме со тоа“, вели Дибиров.
 
„Кјелце е екипа, за која е многу тешко да се подготвите. Имаат многу креативни играчи, како Карачиќ, Душебаев, многу добри пикери, како Каралек и Турна. Нормално, со одличен тренер. Знаеме дека ќе биде тешко, но нашата шанса е дома да прикажеме борба, да играме 60 минути и ќе видиме што ќе даде тоа. Верувам во нашата екипа, бидејќи ние губиме или победуваме, секогаш излегуваме на еден натпревар со самодоверба и знаеме дека секогаш имаме шанси да победиме. Очекувам и овој пат да биде исто“.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе