Вардар има победнички менталитет кој трае

Дибиров: Јас и моите соиграчи не се изненадивме од победата над Монпелје

Искусниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров вели дека можеби јавноста е изненадена од победата на гостувањето кај европскиот шампион, но македонскиот тим има победнички менталитет кој трае.

Вардар имаше фантастичен почеток на новата сезона во Лигата на шампионите откако го победи актуелниот европски шампион Монпелје на негов терен.
 
Дибиров вели дека и покрај заминувањето на дел од играчите и тренерската смена, Вардар е силен и победата воопшто не е изненадување.
 
„Многу луѓе се изненадени, не само во Македонија, туку и во Европа. Но верувајте, јас и моите соиграчи не сме изненадени, затоа што иако многу работи се променија, остана еден важен детаљ, победничкиот менталитет. Замина тренерот, заминаа играчи, но менталитетот остана тука. Излеговме кај Европскиот шампион на гости, во нашите глави стоеше дека ние сме Вардар и одиме на победа. Можеби сите мислам дека сме послаби и имаме помалку квалитет, можеби тоа е и така, но психолошки и ментално сме на истото високо ниво. Ако некој сака да не победи, треба да даде повеќе од 100 отсто. Какви ќе бидат резултатите во идните натпревар не знам, но ние ќе се бориме максимално, никој против нас нема да освои лесно бодови“, изјави Тимур Дибиров.
 
Вардар утре има нов предизвик, во салата „Јане Сандански“ гостува Стеауа во натпревар од СЕХА лигата. Тренерот Парондо се надева дека нема да се случи пад по победата над Монпелје.
 
„Немаме широка екипа и долга клупа како минатата сезона и тешко ни е да одиграме два добри меча по ред. Во претсезоната одигравме одлично против ПСЖ, па загубивме од Брест. Го победивме Монпелје и покажавме дека сме добра екипа, ние тоа го знаеме. Сега мора да се фокусираме на секој натпревар од почетокот до крајот. Се надевам дека овој триумф против Монпелје ќе влијае на самодовербата и ќе продолжиме да напредуваме“, изјави Парондо на денешната прес конференција.
 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе