Лига на шампиони

Дибиров: Го пречекуваме Кил како фраери!

Тимур Дибиров е оптимист пред дуелот со Кил, вели дека потешко им е кога играат со полесни противници отколку кога се среќаваат со најдобрите екипи во светскиот ракомет.

Вардар во сабота со почеток од 17:30 часот го пречекува Кил во голем дерби натпревар. Европскиот шампион ќе го има најтешкиот меч во досегашниот дел од сезоната.
 
„Многу сум среќен што конечно дојде време за еден ваков натпревар. Верувајте дека ние повеќе се плашиме кога играме со екипи на едно пониско  ниво, бидејќи има повеќе работи кои може да не функционираат, помала мотивација, недоволно самодоверба.... ама кога играме против Кил од ништо не се плашиме и едвај чекаме да играме. Баш сега да видам како Кил ќе го победи Вардар во Скопје. Расположени го чекаме натпреварот. Се може да се случи, но да го победиш Вардар среде скопје - баш сакам да видам!. Ние сме подготвени, знаеме кои сме ние, знаме кои се и тие. Знам дека ќе биде уживање за сите и за професионалците во нашиот спорт и за гледачите. Многу сме возбудени. Ова е четврто коло, но да видиме кој е кој уште сега“, рече Дибиров.
 
Дибиров вели дека Вардарци во овој меч ќе влезат како фраери по две европски титули во три години.
 
„Кога ќе почне се добро од прва минута тогаш се е јасно, но кога не е се како што треба од почеток, тогаш е малку потешко. Така беше и на почетните неколку кола, ние штом гледавме дека не оди, во второто полувреме веднаш ја поправавме играта. На Супер глоуб на пример, бевме лоши во првото полувреме и загубивме, но сега не е така. Затоа го пречекувам Кил како фраери, да видиме кој до каде е. Ако сега не го пречекаме како фраери, со две титули во три години - кога?“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе