РК Вардар

Дибиров: Бевме убедени дека се е нормално во Вардар, но тогаш...

Тимур Дибиров за руските медиуми си ја отвори душата, кажа дека неочекувано било заминувањето на Сергеј Самсоненко и дека му е жал што завршува проектот Вардар.

Сергеј Самсоненко преку соопштение ја информираше јавноста дека заминува од РК Вардар. Оваа вест не е едноставна за голем дел од ракометарите, особено не за Тимур Дибиров кој дојде заедно со рускиот газда.
 
„Бевме убедени дека се е нормално во клубот. Ништо не навестуваше проблем! Беше многу брзо и неочекувано. Добивме повик за состанок и директорот Давор Стојановски ни кажа дека по крајот на сезонава завршува проектот Вардар. Бевме многу изненадени. Но тоа е, професионалниот спорт бара финансии и инвестиции. Животот продолжува, мора да има причини за ова што се случува“, вели Тимур Дибиров за руските медиуми.
 
„Директорот не увери дека клубот ќе ги испочитува сите финансиски обврски кон нас. Веруваме дека се ќе биде во ред. Нашиот газда и другите во клубот се светски луѓе“.
 
„Тешко ќе ми биде заминувањето од Македонија. Веројатно ќе биде и со солзи. Македонија и Вардар ми донесоа толку многу среќа и радост, не само на мене туку и на моето семејство. Вардар секогаш ќе биде дел од мене“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе