Можеби европската круна ќе влијае

Дибиров: Ако по ова не се најде некој што ќе го спаси Вардар...

Тимур Дибиров се надева дека оваа европска круна ќе влијае на бизнисмените што треба да го одврзат кесето и да му помогнат на Вардар.

Вардар помина исклучително тешка сезона, ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа црвено-црните се искачија на врвот во Европа.
 
„Ако по еден ваков момент не се најде некој да му помогне на Вардар, сите треба да ги оставиме патиките и да ја завршиме кариерата. Ако некој остане рамнодушен по ова, не знам...“, вели Дибиров.
 
„Оваа титула ни беше потешка од претходната поради сите проблеми низ кои поминавме“.
 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе