„Црвено-црните“ знаат како се освојува Европа

Десет причини зошто Вардар повторно ќе ја освои Лигата на шампионите

ЕХФ на својот официјален сајт има текст посветен на македонскиот шампион Вардар и наведува десет причини зошто повторно би биле шампиони.

Вардар трета година по ред ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн. Македонскиот тим го крена трофејот во 2017 година кога му се даваа најмалку шанси од четирите екипи.
 
Еве ги десетте причини поради кој медиа тимот на ЕХФ смета дека Вардар повторно може да го крене најголемиот ракометен клупски трофеј.
 
1. Форматот
 
Благодарение на СЕХА лигата, Вардар е научен да игра финални трунири во формат со четири екипи, веќе со години. Тие знаат како да се справат со притисокот играјќи ги двата најважни мечеви на сезоната за два дена, без пауза и без време за размислување. Вардар ја освои СЕХА лигата пет пати досега, повеќе од било кој тим.
 
2. Тимур Дибиров
 
Левите крила никогаш не стареат. Прашајте ги Гудјон Сигурдсон или Тимур Дибиров. Иксусниот Русин се уште е едно од најефективните оружја на Вардар. Познат по крадењето на топки тој е користен ако чистач пред одбраната. А како г-дин Контра Напад, тој поседува најширок репертоар на спин удари во светот на ракометот.
 
3. Историјата
 
Во 2017 година тие пристигнаа во Келн како аутсајдери, најмногу поради тоа што требаше да се соочат со Барселона во полуфиналето. Но тие ги победија шпанските фаворити и докажаа дека се играчи кои имаат екстра енергија во тоа финале против ПСЖ. Во 2019? Тие повторно ќе играат со Барса во полуфиналето...
 
4. Влијанието на Ел Команданте
 
Многу играчи го напуштија Вардар а со нив и мозокот на тимот, Раул Гонзалес кој се уште е татко на сегашниот тим на Вардар. Препорачан од Талант Душебаев, Вардар потпиша со „Ел Команданте“ и шпанскиот тренер изгради база за успех. Сега со ПСЖ, Гонзалес не успеа да дојде до Келн, но Вардар ќе се обиде да победи за нивниот поранешен тренер.
 
5. Стојанче Стоилов
 
Моќниот пивот е повеќе од само капитен на тимот. Тој е лидер меѓу војниците, Храборото срце на фалангата. Стоилов никогаш не се предава, тој е мотиваторот, борецот, силата на тимот. Дури и кога еден ден веќе нема да игра ракомет, тој се уште ќе го носи дресот на Вардар.
 
6. Тренерот 
 
Роберто Гарсија Парондо изгледа како да има магични раце. Кога големи ѕвезди како Арпад Штербик, Лука Циндриќ, Хорхе Македа и Жоан Кањељас си отдоа, тој оформи нов тим на Вардар. Шпанскиот стил од Гонзалес комбиниран со некои нови моменти во нападот и добрите засилувања како Сташ Скубе и Дејан Милосављев.
 
7. Дејан Милосављев
 
Голманот е клучот за трофеи. И Вардар можеда смета на Дејан Милосављев кој на вистински начин го замени легендарниот Арпад Штербик. Келн ќе биде најголемо остварување за младиот српски голман во досегашниот дел од кариерата, но со перформансите како оние против Сегед или Загреб покажа дека може да му донесе успех на својот тим.
 
8. Фановите дома
 
Играчите од 2017 година лесно ќе се сетат на црвено-црната парада низ цело Скопје кога хероите се вратија дома од Келн со трофеј. Целата земја застана за еден тим, славејќи го најголемиот успех во историјата на спортот. Имајќи ја на ум националната еуфорија, тоа може да биде тригер кој ќе им даде дополнителна енергија на играчите.
 
9. Игор Карачиќ
 
Генијалецот сака да си оди со уште една титула. Карачиќ дефинитивно беше главниот во нападот на Вардар оваа сезона. Неговите асистенции и голови го трасираа патот до Келн, а најдоброто од него можеби ќе го видиме на завршниот турнир.
 
10. Неизвесната иднина
 
Приказната на Вардар ќе продолжи, тоа е сигурно, но дали тие повторно некогаш ќе имаат шанса да дојдат до Келн? Никој не знае. Ова може да е нивниот последен настап на големата забава на голема сцена. А нема поголема мотивација од тоа за Стоилов и неговите соиграчи.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе