Денис Tот, ракометар од Хрватска, претепан е во Скопје, се бори за живот

Хрватскиот ракометен интернационалец од клубот Бутел се бори за живот во една од скопските болници, откако бил претепан вчера во Скопје. Од клубот потврдија дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали. Хрватски медиуми пишуваат дека Тот е претепан во ноќен клуб, а дека снимките се избришани.

Според неофицијалните информации, Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.

За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат Борис Тот кој игра во Холандија. Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случи, кусо соопшти братот на повредениот ракометар.

Хрватските медиуми со големо внимание информираат за овој случај.

Според порталот „Вечерњи" хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ", а снимките од безбедносните камери биле избришани. Порталот напиша дека некој знае што прави, повикувајќи се на лице познато на редакцијата.

Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе