Лига на шампиони

Дејвис и Ненадиќ задоволни од големата победа на Веспрем во Скопје

Петар Ненадиќ кој со 11 голови беше главниот ракометар на Веспрем во победата над Вардар вели дека чест е да се игра во Скопје. 

Ненадиќ беше незадржлив за одбраната и голманите на Вардар, српскиот ракометар постигна дури 11 погодоци.
 
„За да победите тука треба да одиграте фантастичен меч. Ние го направивме тоа, одигравме одлично. Не можам да се израдувам на победата поради повредата на нашиот соиграч Тенесен, се надевам дека ќе се опорави до вториот дел од сезоната кој почнува во февруари. Секогаш е задоволство и чест да се игра во Скопје, така беше и денеска“, изјави Ненадиќ.
 
Задоволен од победата е и тренерот на Веспрем, поранешниот помошник на Раул во Вардар, Давид Дејвис.
 
„Среќен сум што дојдовме до убедлива победа од девет разлика. Групата е изедначена и среќни сме со оваа победа и освоените бодови. На добар начин ја завршуваме годината“, вели Давид Дејвис.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе