„КЛ 7“

Децата од школата за ракомет „КЛ7“ со роденденска честитка за 40-тиот роденден на Кирил Лазаров (ВИДЕО)

Најголемата ракометна фамилија, КЛ7, со роденденска порака за капитенот Кирил Лазаров 

Кога рекордерите се рекордери со години, тогаш се историја, тој е историја родена пред 40 години на денешен ден во Велес. 
 
Тргна од Свети Николе стигна до Нант а некаде помеѓу му се оствари детскиот сон наречен Барселона. 
 
Тој не игра тој живее ракомет. 
 
Со неговиот ракометен сон живеат и 1000 деца од школата за ракомет КЛ7 низ Македонија, кои преку видео пораки на капитенот на машката ракометна репрезентација и најдобриот ракометар роден во Македонија, Кирил Лазаров му го честитаа 40 роденден. Во видеото се и сите младински селекции на КЛ7, играчите од РК "Голден Арт КЛ7" и соработниците на Лазаров. Најголемата ракометна фамилија КЛ7 својата роденденска порака составена од преку 120 видеа ја завршува со зборовите:
"СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НАШ НАЈДОБАР, ТЕ САКА ТВОЈА КЛ7 ФАМИЛИЈА"
 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе