Вардар во денешниот меч влезе со амбиција да му пружи отпор на фаворитот Веспрем и да биде рамноправен барем во дуелот во Скопје, но тоа не беше случај.
Неизвесно беше само во првите неколку минути, потоа следуваше пад на Вардар, а Веспрем ја полнеше мрежата на црвено црните. Унгарскиот тим на полувремето имаше водство од 21-11.
Во вториот дел Веспрем не само што ја одржуваше позитивата, туку и ја зголемуваше, на крајот мечот заврши со 41-27. Тоа е најголем број на примени голови за нашиот тим во дуелите со Веспрем.
Во гостинскиот тим блескаше голманот Коралес кој запиша 14 интервенции, Маргуч постигна осум гола, Омар Фати седум, Манасков кој играше само во второто полувреме даде четири. Кај Вардар расположен беше Чупиќ кој даде осум гола, Јотиќ реализираше четири, Борко имаше пет одбрани.
Реваншот во Унгарија е на осми април, но тој дуел ќе биде само формалност, приказната за патникот во четвртфиналето заврши вечерва во Скопје.
Легенда под Главна слика
Фото: РК Вардар