26-годишниот српски ракометар Дарко Ѓукиќ ќе биде ново десно крило на Вардар. Тој е познат на македонската јавност по настапите за Металург со кој играше и во Лигата на шампионите.
Но во Металург дојде во погрешно време, кога клубот имаше низа проблеми, па брзо си замина.
Ѓукиќ две сезони играше за Кјелце, па за Мешков Брест, а лани настапуваше за Спортинг Лисабон.