СП 2019

Данска немаше милост за Чиле, го победи со 23 разлика

И вториот домаќин на ракометниот Мундијал стартуваше убедливо, Данска буквално го прегази составот на Чиле победувајќи го со 39:16.

По Германците, и Данците го почнаа настапот на Светското првенство на кое се ко-домаќините. 
 
Данска одигра фуриозно прво полувреме против аутсајдерот Чиле кое го доби со неверојатни 22:4. Во вториот дел Данците ја тргнаа ногата од гаста и гледавме многу по изедначени 30 минути. Конечниот резултат гласеше 39:16.
 
Најефикасен во составот на Данска беше Мортенсен со осум голови, Хансен постигна еден погодок помалку. За Чиле Салинас даде четири гола.
 
Утре на програмата на Светското првенство се дури десет натпревари, за нас најинтересен е дуелот на нашата репрезентација со Јапонија кој почнува од 15:30 часот.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе