СП Скопје 2019 У19

Данска ја оправда фаворитската улога, Македонија го забележа вториот пораз на Светското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години загуби по втор пат на Светското првенство, вечерва фаворитот Данска славеше со 29-26.

Низата од две победи е запрена, Македонија вечерва загуби од Данска. Избраниците на Данило Брестовац пружија добра борба, но фаворитот ја оправда улогата и триумфираше со 26-29.

Данска подобро го отвори мечот и поведе со 2-5, но потоа следуваше наша серија од четири гола. Имавме напад и за два позитива, но откако не реализиравме, противникот одговори во иста мера и се одлепи на 6-9 а потоа имаа и највисоки +4 (8-12). По нашиот тајм-аут, ги консолидиравме редовите и на пауза заминавме со два негатива (11-13).

Но одново лошо отворивме во второто полувреме а Данска знаеше како да казни и за пет минути отиде на 13-19. Но не се предадовме, полека ја топевме предноста на противникот и на пет минути до крајот дојдовме до 25-27. Имавме и напад за минус еден, но неспретно реагиравме со фаул во напад (пробивање) па Данска одново се одлепи и славеше со 26-29.

Мартин Серафимов со 9 погодоци беше најдобар стрелец во редовите на Македонија, а Ненад Костески реализираше шест погодоци.

„Црвено-жолтите“ имаат обезбедено пласман во осминафинале а во последното коло ќе бркаат победа за подобар пласман. Наш следен противник е селекцијата на Јапонија, која е втора на табелата со шест бода. Мечот е на програмата утре со почток во 20:30 часот.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе