ЖРК Вардар

Црвенковска нема да биде во стручниот штаб на Писонеро, ќе биде тренер во ЖРК Вардар

Билјана Црвенковска останува во Вардар но сега ќе работи со женскиот тим во тандем со Драгана Ристова.

ЖРК Вардар информира дека во следната сезона тимот ќе биде предводен од Драгана Ристова како прв тренер и Билјана Црвенковска како нејзин асистент.
 
Црвенковска му беше асистент на Парондо во изминатата сезона во која Вардар ја освои европската круна, но нема да биде и дел од стручниот штаб на новиот тренер, Писонеро.
 
Тимот на ЖРК Вардар нема да претрпи промени, останува ист како и минатата сезона составен од девојки родени во периодот од 2002 до 2004 година.
 
„Клубот секогаш сакал да им даде шанса на сопствените кадри, а тоа сега го покажува на дело. Тимот што е во Супер лигата е селектиран и досега го водеше токму Ристова. Ова е продолжение во нивните кариери и веруваме дека Вардар е на добар пат со сопствени сили да се врати на самиот врв во домашниот ракомет. Со искуството што го имаат и Пецевска и Црвенковска, сигурни сме дека резултатот нема да изостане, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе