СП 2019

Црна Гора ја победи Србија и го освои петтото место во светот

Црногорските ракометарки го добија соседското дерби против Србија со 28:26 и го освоија петтото место на Светското ракометно првенство кое се игра во Јапонија. 

Црна Гора е петта на Светското првенство во Јапонија, а Србија направи сериозен успех со освојувањето на шестото место.
 
Денешниот меч беше неизвесен, по голема борба Црна Гора ги доби и двете полувремиња со по еден гол разлика и на крајот славвеше со 28:26.
 
Раичевиќ и Рамусовиќ со по четири гола беа најефикасни кај Црногорките, Стоиљковиќ даде шест погодоци за Србинките.
 
Во овој меч двете селекции влегоа со остварена цел, изборија пласман на квалификациски турнир за Олимписките игри откако се пласираа меѓу најдобрите седум.
 
Во мечот за седмото место, последно кое води во олимписките квалификации, Шведска ја декласираше Германија со 35:24.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе