Хрватот се потсетува на исксутвото во македонските клубови

Циндриќ: Во Металург го имав најлошиот период од кариерата, во Вардар го остварив сонот

Лука Циндриќ има крајно спротивни искуства во македонските екипи за кои настапуваше, Металург и Вардар. 

Лука Циндриќ беше еден од клучните играчи на Вардар за првиот, историски трофеј во Лигата на шампионите. Ракометарот кој се игра во Барселона, вели дека најлошото искуство во кариерата досега го имал во Металург.
 
„Најтежок период во мојата кариера беше кога бев на суд со Металург, бидејќи не сакаа да ми дадат исписница. Тогаш имаше лоша атмосфера. Клубот се распаѓаше, по четири пет месеци немавме земено плата... Сите играчи добија исписници, единствено јас не добив, искрено не знам од која причина. Бараа пари за мене, а не ме плаќаа. И тогаш половина година немав клуб. Тоа ми беше многу страшен период. Потоа отидов во Вардар и тогаш ми се појави дополнителна желба, инает... Нормално, се поклопија сите коцки, имавме и супер тренер како Раул Гонзалез под чие водство напредував најмногу“, вели Лука Циндриќ во интервју за нет.хр.
 
„Со Вардар го остварив својот сон. Како дете секогаш сум се замислувал како постигнувам победнички гол во важни натпревари. Такви сништа те туркаат напред, сакаш да ги оствариш... Внимавајте, и дадов таков гол на Барселона, мојот омилен клуб. Тоа беше нешто кое не може да се опише. Таа вечер не можев да заспијам од возбуда, од се... Тоа беше нешто што се случува еднаш во животот, веројатно“.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе