Лига на шампиони

Циндриќ: Кога видов како Вардар го прегази ПИК Сегед, знаев дека можеме и ние против ПСЖ

Лука Циндриќ вели дека Вардар му послужил како мотивација пред натпреварот на Кјелце против ПСЖ. 

Вардар го победи ПИК Сегед со осум голови разлика, но најголемото изненадување се случи потоа кога Кјелце со неверојатни десет разлика славеше против богатиот тим на ПСЖ предводен од Раул Гонзалез.
 
Поранешниот Вардарец, Лука Циндриќ вели дека мечот на македонскиот тим против Сегед му послужил како мотивација пред дуелот со ПСЖ.
 
„Кога видов Вардар како го прегази ПИК Сегед се надевав и знаев дека можеме и ние. Но ништо не е готово. Резултатот кој ние го остваривме мислевме дека е невозможно да се оствари. Па како што ние победиме со десет разлика, така и тие можат да не победа. Мора да бидеме внимателни“, изјави Лука Циндриќ за хрватските медиуми.
 

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе