Гркот приреди изненадување

Циципас го елиминираше Ѓоковиќ од турнирот во Шангај и испиша историја!

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 2-1 во сетови го победи Новак Ѓоковиќ и го запре перфектниот од на српскиот тенисер по враќањето по повредата.

Откако се врати од повредата Новак Ѓоковиќ изгледаше моќно, без загубен сет го освои турнирот во Токио, а во перфектен стил стигна и до четвртфиналето во Шангај, но таму наиде на проблем.
 
Ѓоковиќ одлично го почна и денешниот меч против Циципас, го доби првиот сет со 6-3 и ништо не наговестуваше изненадување.
 
Но Циципас го доби следните два сета, со 7-5 изедначи на 1-1, а во третиот решавачки со 6-3 за победа од 2-1 во сетови.
 
Со оваа победа Циципас испиша и историја бидејќи стана првиот тенисер помлад од 21 година кој успеал да ги победи Ѓоковиќ, Федерер и Надал.
 
Грчкиот тенисер во полуфиналето ќе игра против Медведев кој го победи Фоњини со 2-0 во сетови.
 
Денеска на програмата се уште два четвртфинални дуели Зверев - Федерер и Беретини - Тим.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе