СЕХА фајнл-фор

Чупиќ: Знаеме од каде доаѓа најголемата опасност од Загреб

Иван Чупиќ смета дека сите четири екипи на фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата имаат еднакви шанси за триумф и нијанси ќе го одлучуваат победникот во натпреварите. 

Вардар во петок од 20:30 часот игра против Загреб во полуфиналето на фајнл-турнирот од СЕХА лигата кој се игра во Задар. Ова е првиот голем предизвик за црвено-црните по заминувањето на Сергеј Самсоненко.
 
„Ф4-турнирот секогаш е тежок. Како и секогаш, новинарите и јавноста прават проценки кој е фаворит, кој има најголеми шанси да игра финале или да освои. Секогаш има некои калкулации, но јас како и секогаш имам мислење дека сите четири екипи таму имаме шанси по 25 проценти. Секој ги знае своите мани и доблести. Еден натпревар, едно полуфинале сигурно ќе биде тешко и после корона и после сè. Тешко се игра и се влегува во форма. Веројатно нема да гледаме некој убав ракомет, но сигурно ќе биде интересно. Мислам дека и во двете полуфиналиња може да реши една одбрана на голман, една топка, еден промашен зицер. Така е секогаш на големи натпревари како Ф4, како полуфиналиња и финалиња“, вели Чупиќ.
 
„Верувам во нашата екипа иако е нова. Верувам дека од наша страна има подобрување на секој натпревар. Оваа недела ја одработивме добро, се подготвуваме за Загреб, за нивните 6-0 и 5-1 зона во одбраната. Тие се исто така млада екипа, со многу нови играчи, но сигурно една квалитетна екипа, која сака исто како и ние, да игра финале. Знаеме од каде доаѓа најголемата опасност од нив и знаеме дека во моментот нашиот најголем хендикеп е играта во напад шест-на-шест. На овие подготвителни натпревари и сега со Нексе, покажавме дека можеме да одиграме одбрана, дека можеме да го сведеме противникот на 24-25 гола, ама доста се мачиме со тоа како ние ќе стигнеме до 28, 29, па и 30 постигнати гола. Така што, нашата шанса ја гледам во тоа дека имаме многу простор за подобрување во нападот. Мислам дека в петок ќе го покажеме тоа со добра организација и добра игра и форма од нашите напаѓачи дека можеме да одиме во финале“.
 
Сите натпревари од СЕХА лигата ќе бидат пренесувани на МТВ.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе