Лига на шампиони

Чупиќ: ПСЖ е поквалитетен, но во Париз не одиме со бело знаме

Иван Чупиќ вели дека го анализираат ПСЖ и се подготвуваат за нивниот меч во Париз, трет од Лигата на шампионите за Вардар оваа сезона. 

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски
Вардар во среда со почеток од 18:45 му гостува на ПСЖ во меч од Лигата на шампионите. 
 
На тимот на Раул Гонзалез не му цветаат рози, од четири одиграни мечеви имаат само една победа во ЛШ оваа сезона, па дуелот со Вардар е еден од оние кои мора да ги добијат.
 
Но свои сметки има и се уште актуелниот европски шампион, Вардар се подготвува за големиот предизвик и средбата со својот поранешен тренер.
 
„ПСЖ има три порази и не е во лесна ситуација, зашто сите знаеме што очекуваат од оваа група. Нивната желба е да се пласираат на Ф4. Тие не играат добро како во француското првенство и имаат голем притисок затоа што нема време за поправка на грешки. Тие мора да победат на три-четири меча по ред“, вели Чупиќ.
 
„Ние од наша страна, ова е трет меч во Лигата на шампиони, имаме три бода, иако мислам дека можевме да имаме повеќе бодови. Никој од нас не бара сензација во Париз, но го анализиравме тимот и се подготвувавме на тренинг. Сигурно нема да одиме со бело знаменце на гостување, знаеме дека квалитетот е на нивна страна, но како и секогаш, со добра одбрана на нивна транзиција би можеле да создадеме притисок. Ако е добар мечот, би можеле да внесеме нервоза во мечот во последните десет минути и мислам дека тогаш би имале шанса за добар резултат“.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе