РК Вардар

Чупиќ останува во Вардар, Јагуриновски е ново засилување

Иван Чупиќ и следната сезона ќе настапува во Вардар откако денеска го продолжи договорот со шампионот, ново засилување е младиот Томислав Јагуриновски. 

Вардар почнува да го создава тимот за следната сезона, Иван Чупиќ и дефинитивно останува. Информацијата од клубот вели дека тој денеска ставил потпис на нов договор.
 
Ново засилување во Вардар е повремениот репрезентативец Томислав Јагуриноски кој практично се враќа во клубот во кој беше до својата 17 година кога премина во Металург.
 
Покрај Чупиќ, во клубот се очекува да останат Стоилов и Дибиров, а голема е веројатноста дека и Дисингер, Калараш и Горбок ќе продолжат да го носат дресот на Вардар.
 
Новиот сопственик Михајло Михајловски сака Вардар да продолжи да биде конкурентен во Лигата на шампионите, па во наредниот период се очекуваат уште позитивни вести од црвено-црниот табор.
 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе