РК Вардар

Чупиќ: Ние и навивачите никогаш не се предаваме, штета е Вардар да згасне

Иван Чупиќ вели дека ракометарите на Вардар имале состанок со Самсоненко и Михајловски и наскоро ќе имаат повеќе информации за иднината на клубот. 

Крилото на Вардар, Иван Чупиќ за хрватските медиуми ја опишува актуалната ситуација во клубот. Вели дека е тешко, но тој нема намера да се предаде, во Скопје останува најмалку до крајот на сезоната.
 
„Навивачите и ние никогаш не се предадовме, мислам дека тоа нема ни да се случи, а се останато е висока политика од која јас реално и не се разбирам“, вели Чупиќ.
 
„Ништо не се знае. Имавме состанок со Самсоненко и Михајловски, разговараевме. Ни беше кажано дека до крајот на месецот ќе се знае нешто повеќе. Уште не знаеме што конкретно, но што и да се случува до крајот на сезоната сум тука, мислам дека и останатите ќе останат. Би сакал работите да се стабилизираат, но засега навистина не знам ништо“.
 
„Имаме уште два натпревари во Лигата на шампионите па осминафинале. Па ќе видиме. Имаме и четвртфинале од СЕХА со Нексе, па се надевам и фајнл-фор, така да работа не недостасува. Е сега тука сме колку што сме, осум до десет, крипиме. Ни рекоа дека можеби ќе дојдат уште двајца, но искрено не знам како во оваа ситуација. Ништо, одиме од ден во ден па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Би било штета сето ова да згасне, тоа е сигурно“.
 
„Како се живее без плата? Не е идеално, не е ни новост. Семеството е добро и тоа е најважно. Секој си има своја работа, некој оди во градинка, некој во школо, некој на ракомет. Се навикнаа на се. Добро е“.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе