Крилото на Вардар кажува што се случувало во соблекувалната

Чупиќ: На полувремето сите врескавме, Пародо нè смири и ни рече дека не е толку лошо

Кога сите се откажаа и ги отпишаа, ракометарите на Вардар почнаа да играат и направија неверојатен пресврт против Барселона, кој тешко може да се објасни.

Иван Чупиќ ги пренесува импресиите од соблекувалната на полувреме.
 
„На полувремето кога влеговме во соблекувалната, сите почнавме да врескаме, бевме нервозни од тоа што се случуваше. Но Парондо нè смири, ни рече дека дека не е толку лошо, ни рече да ги оставиме на страна судиите и голманот Варгас, кој имаше одлично прво полувреме, и да играме со глава и срце. Тоа го направивме, одигравме фантастично во последните десет минути, малку имавме и среќа и стигнавме до големото финале. Неверојатно!“, вели Чупиќ.
 
Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе