РК Вардар

Чупиќ: Македонија ми даде многу, јас и моето семејство сме среќни во Скопје

Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ во интервју за хрватскиот портал „Индекс“, меѓудругото зборува и за неговиот престој во Вардар, вели се додека тој и неговото семејство се среќни, ќе останат во Скопје. 

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски
Чупиќ од 2016 година е во Вардар со кој двапати ја освојуваше Лигата на шампионите, тој е еден од најважните ракометари на македонскиот тим, не само поради играта, туку и поради шампионскиот менталитет кој зрачи од него.
 
„Македонија ми даде многу, но и дадов и јас и на неа и на Вардар. Блиски сме со менталитетот, блиску ми е Хрватска, а тука сум со мојата сопруга и децата кои одат во градинка и училиште, се чувствуваме задоволно и среќно. Кога ќе бидеш веќе во години ќе се запрашаш кои ти се приоритетите, за мене сега тоа не е да играм во најголемите клубови за голема плата, туку да бидам среќен. Јас тука со сопругата и децата постигнав огромни успеси, два пати бев шампион на Европа и тука ме пчитуваат, јас ги почитувам и многу ми дадоа и клубот и земјата. Семејството ми е задоволно во Скопје и додека е така јас ќе бидам тука. Се промени структурата во клубот, сега имаме малку поинакви цели и други луѓе го водат клубот. Без разлика на тоа, јас се најдов во сето ова, здрав сум, играм и среќен сум кога сум на теренот. Не можам да речам дека ми недостасува нешто откако сум во Скопје“, вели Чупиќ во интервјуто за „Индекс“.
 
Во македонската лига има инвазија на хрватски ракометари во последно време, Чупиќ знае зошто е тоа така.
 
„Пандемијата на коронавирус го погоди ракометот, а Македонија е една од ретките земји каде ракометот е спорт број еден, а не фудбалот. Тоа го привлекува секој играч, а македонската лига со Еурофарм и Металург ќе биде интересна како никогаш претходно. Хрватските играчи тука се чувствуваат како дома, блиску им е Хрватска, Македонците се добри и топли луѓе кои ги сакаат Хрватите и ги ценат нашите успеси со репрезентацијата. Секој од нив веројатно е задоволен и од финансискиот дел на приказната, но мислам дека атмосферата во салите во Битола и Скопје и интересната лига се важни во несењето на одлуките“.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе