Откако ЕХФ одлучи да има само фајнл-фор

Чупиќ: Богатите нека играат, а малите нека служат за промоција на ракометот

Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ е бесен на одлуката на ЕХФ без игра да ги елиминира голем дел од екипите со тоа што го укина осминафиналето и четвртфиналето. 

Вардар нема можност да ја брани титулата Европски шампион иако се пласираше во осминафиналето. ЕХФ одлучи да има директно фајнл-фор а на него да одат најдобрите две од групите А и Б. Тоа се Барселона, Веспрем, ПСЖ и Кил.
 
Иван Чупиќ во изјава за хрватските медиуми не се сложува со одлуката на ЕХФ.
 
„Тоа што го направија не е регуларно. На никого не му е гајле за клубовите, а мислам дека сите во оваа ситуација треба да се сложни и да кажат дека не сакаат да играат. Јасно е, богатите нека играат, а малите нека им служат за промоција на ракометот“, вели Чупиќ за „Јутарњни лист“.
 
„Мислам дека би било поважно во ситуацијава да се помогне на сојузите и клубовите на некој начин затоа што ситуацијата е тешка и опасна за иднината, а што ќе биде ако се продолжи, не сакам ниту да помислам. Прашање е колку клубови ќе успеат да преживеат. Се плашам дека ни доаѓаат тешки времиња, а сега е важно да останеме здрави“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе