Изразена и желба за продолжување на успешната приказна

Честитка од РФМ до Вардар: Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на Барса и Веспрем!

Македонската ракометна Федерација испрати честитка до Вардар за новиот голем успех и вториот трофеј од Лигата на шампионите и посака успешната приказна на „црвено-црните" да продолжи.

Македонија синоќа повторно славеше голем подвиг на Вардар и втора титула во Лигата на шампионите во три години. За успехот на „црвено-црните“ пристигнаа огромен број на честитки, а утрово тоа го стори и Македонската ракометна Федерација,

„Момци,

Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион од Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија.

Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста, силниот тимски дух, единството во составот и карактерот!

Нека двпати извојуваниот најпосакуван ракометен трофеј на стариот континент освоен под македонско знаме силно свети како ѕвезда водилка во македонската спортска историја.

Ви посакуваме вашата успешна приказна да продолжи со уште многу високи достигнувања!“ – гласеше известувањето на РФМ.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе