СП 2019

Чешки судии за дуелот со Јапонија

Познатите чешки судии Вацлав Хорачек и Јуржи Новотни ќе ја делат правдата на воведниот дуел на Македонија на Светското првенство против Јапонија.

Македонија денеска од 15:30 часот го почнува настапот на Светското првенство, а прв противник ни е Јапонија.
 
Судии за овој меч се Чесите, Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни кои ни се добро познати.
 
Тие ја делеа правдата на мечот против Србија на ЕП во Полска кога со гол на Дејан Манасков во последната секунда дојдовме до реми кое не однесе во следната рунда.
 
Чесите го судеа и мечот меѓу Вардар и Барселона во Келн кога македонскиот тим стана Европски шампион.
 
Македонските судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани за мечот меѓу Шведска и Египет.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе