ЕП 2020

Чешка се плаши од Лазаров, но силно верува во победа над Македонија

Чесите знаат дека најголемата опасност по нив доаѓа од Кире Лазаров, не се сигурни како ќе го чуваат, но веруваат дека на крајот тие ќе победат. 

Македонија и Чешка се селекции кои многу добро се познаваа, веќе имаме одиграно 14 меча со нив, а последната битка пред две години ја добија Чесите.
 
По поразот од Австрија, Чешка денеска нема друг избор, мора да победи. Во случај на уште еден пораз ќе почнат да ги пакуваат куферите за дома. Македонија со триумф уште денеска ќе обезбеди пласман во следната фаза.
 
Кире Лазаров го одлучи мечот против Украина, и покрај годините капитенот е убедливо нашиот најдобар играч. Секој од таборот на Чешка ја потенцира големината на Лазаров.
 
Јасно ни е дека најголемата опасност по нашиот гол е Кире Лазаров. Тој не само што дава голови, туку знае и одлично да ги проигрува играчите. Веројатно ќе треба да се придржуваме до нашиот систем, доколку тргнеме на него, може да се отвори дупка во одбраната и другите играчи на Македонија да профитираат. Треба да размислиме како ќе го чуваме. Целта е да ја победиме Македонија а за тоа да се случи треба да го испочитуваме договореното“, изјави Даниел Кубеш, еден од селекторите на Чешка.
 
Слично размислува и нивниот ракометар Мирослав Јурка.
 
Играта на Македонија во нападот зависи од Лазаров. Тој дава голови и ги прави клучните пасови, додава или до пивот или до крилата. Тежок е за чување, но ако тргнеме на него, ќе се отвори простор за Стоилов. Секогаш кога има ждрепка очекувам да се паднеме со Македонија. Овој пат не ни преостанува ништо друго, мора да победиме“, изјави Јурка.
 
Еден од најдобрите ракометари на Чешка, Здрахала верува дека сигурно ќе слават против Македонија.
 
„Со овој нов ситем на натпреварување, само две селекции одат понатаму. Ситуацијата е таква што не можам да ветам дека ние сигурно ќе играме таму. Мислам дека немаме друг избор и ќе ја победиме Македонија“, вели Здрахала за чешките медиуми.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра од 16 часот.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе