ЕП 2020

Червар: Направивме страшен подвиг, никој не мислеше дека Хрватска ќе се врати на врвот во светскиот ракомет

Селекторот на Хрватска, Лино Червар вели дека пласманот во финалето е огромен успех, но тие ќе одат до крај, по златниот медал. 

Во неверојатен меч кој траеше дури 80 минути Хрватска ја победи Норвешка и се пласираше во финалето на Европското првенство во кое утре против Шпанија ќе се бори за круната.
 
„Треба да им дадеме признание на играчите што издржаа таков меч. Направивме страшно нешто, ова е страшен подвиг и резултат. Никој не мислеше дека Хрватска може да се врати во врвот на светскиот ракомет“, вели Червар.
 
„Утре е нов ден, нова желба, нов предизвик. Сакаме да одиме до крај. Одмор? Многу е тешко да се одморат играчите. Уморни се, видовте дека Циндриќ не можеше против Норвешка. Ќе се обидеме да го регенерираме. Навивачите многу ни помагаат да извадиме додатна сила во тешките моменти“.
 
„Шпанија е фантастична репрезентација. Играат слична одбрана како и ние, силни се, имаат двајца добри голмани и брза транзиција со Фернандез и Соле. И исклучително ефикасно реализираат. Мора да се чуваме од тоа и да бидеме многу внимателни. На првиот меч ги затворивме со одбрана 6-0 бидејќи тие немаат изразит шутер, но ни правеа проблеми при 5-1 одбрана“.
 
Финалето меѓу Хрватска и Шпанија се игра во недела со почеток од 16:30 часот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе