СП 2019

Червар може да добие голема казна за критиките кон судиите

По синоќешниот пораз од Германија, селекторот на Хрватска, Лино Червар распали по судиите, поранешниот тренер на Металург ги обвини данските судии за грабеж.

Хрватска го загуби мечот со Германија и нема да игра во полуфиналето на Светското првенство. На прес конференцијата по мечот Червар упати жестоки критики кон данските судии обвинувајќи ги дека тие го решиле натпреварот.
 
„Овие судии треба да се затворат, ова е грабеж кој го виде целиот свет и не е прв пт да го направат ова. Данците ни го земаа првенството во 2008, 2009 и 2010 година и тоа треба јавно да се каже. Нека ме казнат. Во ракометот сум 45 години и смеам да го кажам тоа што го мислам“, изјави Червар.
 
Очекувањата се дека Червар ќе добие жестока казна од ИХФ кој нема да му го простат испадот на Хрватот иако можеби тој е со право искажан.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе