РК Металург

Червар изненаден од трансферот на Хорват во Металург: Сигурно добил богата понуда

Поранешниот тренер на Металург, Лино Червар е изненаден од одлуката на Златко Хорват да го напушти Загреб и да се пресели во Металург.

Хорват беше дел од селекцијата на Хрватска и на последното натпреварување на кое Хрватите беа предводени од Червар. Големо изненадување е неговиот трансфер од Загреб во Металург.

Легендарното хрватско крило потпиша за во моментов третопласираниот клуб во Македонија. Но Металург очигледно цели високо, со ростерот кој го прави покажува амбиција да ја врати славата од пред неколку години.

Лино Червар кој добар дел од кариерата помина како тренер на Металург е изненаден од трансферот на Хорват, смета дека во клубот влегол и нов спонзор.

„Искрено, многу ме изненади одлуката на Златко, но очигледно дека во клубот влегол некој спонзор. Стигнале до пари и носат уште некои играчи. Очигледно е дека Хорват таму заминал поради добра понуда, не гледам друг начин да го напушти Загреб“, вели Лино Червар.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе