Легендата на хрватскиот ракомет, Златко Сарачевиќ синоќа ненадејно почина од срцев удар, а веста тешко ја примаат луѓето кои во изминатите години работеа со него и кои многу добро го познаваа.
„Ништо не ми е јасно, шокиран сум. Знам дека не беше болен. Беше пример за спортист, ракометар и тренер, беше олимписки шампион. Беше мој помошник на ЕП 2018, беше сето тоа, но пред се беше голем човек. Никогаш за никој немаше кажано лош збор, и никој за него не може да каже нешто лошо. Не го кажувам ова бидејќи сега веќе го нема, го кажувам затоа што е вистина“, изјави Червар.
Веселин Вујовиќ вели дека не може да престане да плаче.
„Не ми се верува, едвај го преживеав заминувањето на Златко Портнер пред неколку месеци, па пред два на Балашевиќ со кокј бев голем пријател и сега ова со Сарач. Што се случува? Ужас над ужасите, шок над шоковите. Каков човек беше само Сарачевиќ. Тој негов бањалучки смисол за химор, топол и добар како леб. Со него освоив сѐ, од јуниорски до сениорски титули. Заедно освоивме медал и на Олимпијадата, ми беше помошник во Загреб. Ми беше повеќе од пријател... Не можам да престанам да плачам“, вели Вујовиќ.