Ракометниот свет е во голема тага

Червар и Вујо скршени од тага по смртта на Сарачевиќ

Хрватската јавност е шокирана по ненадејната смрт на Златко Сарачевиќ кој почина синоќа од срцев удар, Лино Червар и Веселин Вујовиќ се скршени од тага. 

Легендата на хрватскиот ракомет, Златко Сарачевиќ синоќа ненадејно почина од срцев удар, а веста тешко ја примаат луѓето кои во изминатите години работеа со него и кои многу добро го познаваа.
 
„Ништо не ми е јасно, шокиран сум. Знам дека не беше болен. Беше пример за спортист, ракометар и тренер, беше олимписки шампион. Беше мој помошник на ЕП 2018, беше сето тоа, но пред се беше голем човек. Никогаш за никој немаше кажано лош збор, и никој за него не може да каже нешто лошо. Не го кажувам ова бидејќи сега веќе го нема, го кажувам затоа што е вистина“, изјави Червар.
 
Веселин Вујовиќ вели дека не може да престане да плаче.
 
„Не ми се верува, едвај го преживеав заминувањето на Златко Портнер пред неколку месеци, па пред два на Балашевиќ со кокј бев голем пријател и сега ова со Сарач. Што се случува? Ужас над ужасите, шок над шоковите. Каков човек беше само Сарачевиќ. Тој негов бањалучки смисол за химор, топол и добар како леб. Со него освоив сѐ, од јуниорски до сениорски титули. Заедно освоивме медал и на Олимпијадата, ми беше помошник во Загреб. Ми беше повеќе од пријател... Не можам да престанам да плачам“, вели Вујовиќ.
 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе