СП ФРАНЦИЈА 2017

Червар го потврди списокот, со 19 ракометари на СП во Франција

На денешната прес конференција Лино Червар објави дена на Светското првенство во Франција ќе замине со 19 ракометари.

Од последниот список на Лино Червар отпаднаа двајца ракометари, како што и се најавуваше, Мартин Велковски и Ласко Андоновски нема да патуваат на Светското првенство во Франција.
 
Во комбинација за настап на мундијалот ќе бидат следниве 19 ракометари: Никола Митревски, Кирлил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски и Влатко Митков.
 
На натпреварите ќе можат да бидат пријавени само по 16 ракометари, па тројца од повиканите играчи од трибините ќе ја чекаат својата шанса за настап на некој од мечевите.
 
Светското првенство во Франција започнува на 11. јануари (среда), Македонија својот прв настап го има ден подоцна против Тунис.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе