СП ФРАНЦИЈА 2017

Червар ги одбра 16. ракометари за натпреварот против Тунис

Селекторот на македонската репрезентација, Лино Червар го одбра тимот кој ќе го почне Светското првенство во Франција, Митревски, Пешевски и Арнаудовски отпаднаа.

Лино Червар ги одбра 16. ракометари за утрешниот натпревар против Тунис. Од повиканите 19 отпаднаа голманот Никола Митревски, пикерот Жарко Пешевски и левиот бек Ристо Арнаудовски. 
 
Овие тројца ракометари ќе чекаат шанса во понатамошниот дел од првенството. За време на шампионатот дозволено е да се направат вкупно три замени.
 
Списокот од 16 ракометари кои ќе го почнат Светското првенство: Кирлил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки и Влатко Митков.
 
Македонија својот настап на Светското првенство го започнува утре против Тунис со почеток од 17:45.
 

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе

Веќе е јасно дека не треба да има никакво сомневање дека прислушуваните разговори треба да бидат прифатени како докази во постапките.

повеќе