Се бара причината за смртта на ракометарот

Брзата помош го пронашла телото на Тот пред дискотека, ракометарот бил помодрен во лицето

Причината за смртта на ракометарот на Бутел засега останува мистерија, МВР формира и специјален тим да го истражат случајот, во меѓувреме и Брзата помош за „Нова ТВ“, ја кажа својата верзија од настанот. 

Хрватскиот ракометар на Бутел, Денис Тот ја загуби битката за својот живот и почина на 27-годишна возраст. Докторите повеќе од 24 часа се бореа за неговиот живот, но не успеаа да го спасат.

Првичните информации велеа дека ракометарот бил претепан, но од КАРИЛ соопштија дека на телото на Тот немало траги од насилство. Таквата верзија ја потврди и МВР.

Од Брза помош за „Нова ТВ" соопштија дека вчера рано наутро имале интервенција, го пронашле телото на Тот пред дискотеката „Привилиџ", лицето му било помодрено, немало траги на насилство, а лекарите констатирале ниска сатурација, слаб пулс и дека момчето мирисало на алкохол.

Амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи за хрватски „Вечерњи" изјави дека во крвта на ракометарот не биле пронајдени наркотици или некакви други супстанци. Се очекува обдукцијата да ја даде причината за смртта.

„Ќе се оди детално со истрагата. Управителката на клиничкиот центар вели дека немало траги на насилство и не се работи за убиство. Тие се обиделе да го реанимираат, но Денис починал, неговото срце запрело. Сега е предаден на обдукција, по што ќе биде позната причината за неговата смрт. Тоа што е сигурно е дека не бил под дејство на наркотични средства", вели Фетаи за „Вечерњи".

Во меѓувреме МВР состави посебен тим кој ќе ја води истрагата со цел да се добијат точните информации за смртта на ракометарот Денис Тот. Тоа го потврди хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.

„Го следиме случајот и контактиравме со сите важни инситуции. Министерството за внатрешни работи состави посебен тим кој ќе ја води истрагата за да се добијат точните информации", вели Тигањ за хрватските медиуми.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе