РФМ смета дека за неуспешниот настап на Светското првенство вината е во селекторот, па денеска соопшти дека се разделува со Данило Брестовац.
„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, стои во соопштението на РФМ.
Македонија на Светското првенство во Египет имаше една победа и пет порази од кои четири беа со двоцифрена разлика.