Квалификации за ЕП 2020

Брестовац: Со агресивна одбрана и сигурен напад до успех против Исланд

Новиот селектор на Македонија, Данило Брестовац вели дека нема време за многу промени во селекцијата пред натпреварите против Исланд, тој верува во успех и смета дека пласманот на ЕП не е доведен во прашање по неуспехот во Грција.

Данило Брестовац ја започнува селекторската работа, против Исланд тој ќе ги има првите натпревари како предводник на Македонија. Очекува тешки натпревари, но верува дека со добра видео анализа на противникот ќе се подготвиме и ќе дојдеме до добри резултати.
 
„Очекувам два добри натпревара. Веќе добро се познаваме и тешко дека Исланд може нешто да не изненади, но секогаш ние самите на себе сме си главни непријатели, ако добро се подготвиме со видео-анализи и затвориме се она што можат тие да играат и ако одлично им парираме особено во одбрана ќе имаме успех“, вели Брестовац.
 
„Затоа се одлучив повеќе дефанзивни играчи да имам во составот, ќе одиме таму малку и да се „истепаме“ со нив па ќе видиме што ќе се случи. Треба поагресивна одбрана, полесни голови и се надевам на добар сигурен напад, кој ќе донесе добар резултат. Со двајца поискусни играчи, кои може да ни помогнат не само во одбраната, туку и во двете насоки, мислам на Куковски и Никола Марковски, може да ни помогнат во некои сегменти од играта, кои мислам дека ни недостасуваа на СП“.
 
„На секој натпревар одиме на што подобар резултат и на победа. Групата во која се наоѓаме и несреќниот пораз од Грција малку ни нарушуваат некои планови околу подмладувањето и одморањето на некои важни играчи. Како што знаете првите две места водат на ЕП, плус четири третопласирани селекции. Ако бидеме сериозни и максимално ангажирани за сите натпревари мислам дека воопшто не е доведено во прашање нашиот настап на ова големо натпреварување. Се надевам дека и со една победа против Исланд ќе си го обезбедима пласманот и некого да одмориме за јуни“.
 
Репрезентацијата денеска ќе тренира во Скопје,а утре рано патува за Рејкавик каде играме со Исланд во среда со почеток од 21:45 часот. Дуелот во Скопје се игра на 14. април од 20 часот.
 
Фото: РФМ

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе