Квалификации за ЕП 2020

Брестовац: Резултатот можеби не е атрактивен, но презадоволен сум од победата

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац е задоволен од крајот на квалификациите во кои Македонија го освои првото место во групата. 

Македонија со 27:24 ја победи Грција и како прва ги заврши квалификациите за Европското првенство. Селекторот Данило Брестовац е задоволен од исходот иако е свесен дека треба да се подобрува играта во наредниот период.
 
„Среќен сум затоа што овие играчи издржаа пеколен ритам. На стартот тешко реализиравме на стартот, вкупно десет зицери промашивме во првиот дел, но имавме игра, па недостигаше таа реализација. И покрај тоа, ние пак водевме на полувреме. Во вториот дел се договоривме да продолжиме во ист стил, а играчите добро се снаоѓаа. Резултатот можеби не е атрактивен, но јас сум презадоволен зашто е последен меч во сезона“, изјави Брестовац по мечот.
 
„Ќе треба да направам подетална анализа за овој период, но јас морам да кажам дека направив колку можам за да ги добиеме овие четири меча. Тешко им е на играчите да се наметнат, многу зависи од нив, од клубовите каде играат. Јас сега ќе барам од РФМ, а секојпат федерацијата излегувала во пресрет, да играме ЕХФ-турнир во слободниот прозорец, зашто на играчите им недостига километража. Јас не признавам, млади или стари, признавам играчи кои сакаат да се докажуваат. Се надевам дека ќе најдеме уште играчи за таа ротација“.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе