РК Металург

Брестовац: Последниот напад го вежбавме на тренинг 20 минути, но...

Тренерот на Металург, Данило Брестовац е разочаран по поразот од Вардар бидејќи неговиот тим беше многу блиску до поволен резултат но не успеа.

Металург водеше во најголемиот дел од мечот со Вардар, во еден момент имаше и четири голови предност, а на крајот пропушти и напад за изедначување.
 
„Можеби одигравме добро во континуитет, но она што ми пречеше, што им замерив на играчите се некои техничко-тактички грешки. На пример знаевме како се движи Скубе, каде треба да се затвори или Карачиќ, Криштопанс да се затвори... Не знам, можеби се млади уште, па тешко се одржува дисциплината. Ми пречеше и последниот напад, вчера дури и го вежбавме на тренинг, 20 минути можеби, како да знаевме дека ќе се случи, но ете. Да не ме сфатат од Вардар погрешно, но натпреварот некако немаше тежина и беше шанса да одиграме. Она што може да го извлечам како позитивно е тоа што имавме континуитет во цел натпревар. Немавме ротација како Вардар,кој го искористи Скубе како низок играч кога беше потребно или Криштопанс со своите физички предиспозиции, одиграа многу паметно во финишот.“, изјави Брестовац.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе