Селекторот отворено за нападите на социјалните мрежи

Брестовац: Поранешен ракометар ме напаѓа затоа што син му не сум го земал во репрезентација

По крајот на настапот на македонската репрезентација до 19 години на СП во Скопје, селекторот Данило Брестовац отворено проговори за нападите кон него на социјалните мрежи.

Македонија денеска ја победи Аргентина и на 13. место го заврши настапот на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Многумина очекуваа подобар пласман на нашите надежи, беше створена слика дека можеме да се носиме со најдобрите, но на теренот беше поинаку.
 
Доскорешниот тренер на Охрид, Горан Андоновски во изминатите денови јавно, преку фејсбук го критикуваше Брестовац и бараше негова оставка, селекторот сега одговори на тоа.
 
„Точно е дека ме напаѓа еден поранешен ракометар затоа што син му не сум го викнал во репрезентацијата. Неговиот син е на поширокиот список, но сметам дека сега не е за составот. Тој може да ме напаѓа мене и да ми вели да го зенам, но не можам да го земам ако има друг ракометар кој е подобар од него на таа позиција. Има и други што се лутат, што ме напаѓаат и навредуваат. Нека го прават тоа, тука никој не игра со врски, ракометарите доаѓаат од разни градови, од Ресен имаме тројца, од Струга имаме тројца, од Струмица, од други градови“, вели Брестовац.
 
„Не заслужуваат да им одговарам на пораките што ги добивам на интернет. Пет години бев помошник на Червар, работев со Обрван во Шамбери. Со светски и европски прваци, со медалисти. Работев со капитени на Франција и сега ме напаѓа некој што не излегол од Македонија и ми вика дека не знам ракомет? Две години се мачам од академии да направам ракометари и ме навредуваат. Две години не сум бил на одмор, се печеме сите на 40 степени тука и некој доаѓа и ми вика дај оставка“.
 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе