Иако на почетокот од второто полувреме водевме и со пет голови разлика, на крајот загубивме од Аргентина. Одигравме солидно првото полувреме и лошо второ во кое постигавме само седум голови а противникот двојно повеќе.
Селекторот Данило Брестовац е разочаран од поразот, и вели дека загубеното треба да се надополни на следните натпревари.
„Има денови кога работите едноставно не одат онака како што посакувате. Направивме еден кикс денеска. Сега ќе треба да компензираме на останатите четири натпревари“, изјави Данило Брестовац по натпреварот.
За разлика од Брестовац, аргентинскиот селектор Фернандо Капуро беше видно порасположен.
„Успеавме да ја кренеме дефанзивата во второто полувреме и да дојдеме до израмнет резултат, потоа притисокот беше на домаќинот“, изјави Капуро.