Подготовките за ЕП стартуваат со помладите ракометари

Брестовац: Ова не е последна шанса, но редно време е некој од младите да блесне

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац ја направи првата прозивка пред стартот на подготовките за Европското првенство кое ќе се игра идниот месец во Австрија, Шведска и Норвешка. 

Брестовац подготовките ги почнува претежно со помлади ракометари ќе одиграат четири пријателски средби и ќе се обидат да го убедат селекторот да ги впише на конечниот список на патници кои ќе одат на Европското првенство. Искусните ракометари ќе се приклучат по Нова Година.
 
Тука се ракометарите кои некако му доаѓаат како Б тим. Ќе видиме кои ќе се наметнат од нив и ќе продолжат на завршните подготовки во Словенија. Можеби грубо звучи А тим и Б тим но мора да ги категоризираме составите“, вели Брестовац.
 
„Овие ракометари имаат проблеми во своите клубови, немаат доволна минутажа, но подготвен сум да им дадам шанса да ги демантираат своите тренери и да им покажат дека заслужуваат повеќе минути на теренот. Тие треба да се наметнат тука. Ова не е последна шанса, но редно време е некој од младите да блесне и да исплива на површина“.
 
„Ако на овие четири пријателски средби не ми докажат дека можат, не знам што би правел со нив. Најтешко е да разбудиш некој кој се преправа дека спие. Ќе им дадеме шанса, но тие што ќе ги одберам да одат на ЕП, треба да дадат голем придонес, не само да учествуваат“.
 
Македонија на 25 и 26 декември во Србија ќе одигра два пријателски меча против Кувајт. А на „Трофеј Карпати“ играме на 28 и 29 декември. Прво со Алжир, а потоа со некој од Холандија и Русија, зависи од исходите на двата меча.
 
По Нова Година, македонската репрезентација ќе отпатува на завршни подготовки во Словенија каде ќе одигра уште два пријателски меча. Нашата селекција својата група од Европското првенство ја игра во Виена.
 
Играме во група со Украина, Чешка и Австрија, првите две селекции го продолжуваат првенството.
 
„Ме интересира првиот меч со Украина, а потоа ќе биде полесно да прогнозираме и да видиме на кој меч да ставиме акцент. Ќе го следиме и резултатот од дуелот меѓу Австрија и Чешка. Групата не е атрактивна, мислам дека сме подобри и можеме да ги победиме“.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе