Квалификации за ЕП 2020

Брестовац: Ова е успех, во два натпревари против Исланд не доживеавме пораз

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац е задоволен од изданието на неговите ракометари, вели дека ова не е еден бод, туку три од двомечот со Исланд.

Македонија беше блиску до нова победа против Исланд, но и ремито е голем успех. Сега имаме подобар меѓусебен дуел од главниот конкурент за првата позицијата и пласманот на Европското првенство треба само теоретски да го завериме во мечевите со Турција и Грција.
 
„Одигравме уште еден квалитетен меч во пет дена. Не би рекол дека ова е бод, ова се три бода од дуелите со Исланд. Можам да кажам дека веќе сме квалификувани на Европското првенство. Со две победи во двата наредни натпревари против Турција и Грција кои се реално да ги добиеме ќе бидеме први во групата“, вели селекторот Данило Брестовац.
 
„Ова беше потежок меч од тој во Рејкјавик. Малку бевме испразнети од првиот меч, но со публиката успевавме да се вратиме од негативата која ја имавме, а на крајот беше Исланд тој кој се спасуваше од пораз. Во два меча да не доживеете пораз од селекција како Исланд е успех“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе