Брестовац одреди 19 ракометари за мечевите со Грузија

Македонската ракометна репрезентација денеска и утре има пријателски двомеч против селекцијата на Грузија, селекторот Брестовац ги одреди ракометарите со кои ќе ги игра овие мечеви. 

Дел од искусните ракометари кои не беа дел од мечевите против Турција и Италија, ќе бидат во комбинација за дуелите со Грузија.
 
Ракометарите на кои ќе смета Брестовац за престојнитe два меча: Мартин Томовски, Борко Ристовски, Димитар Димитриоски,  Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Мартин Поповски, Ненад Костески, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Горан Крстевски, Жарко Пешевски, Филип Арсеновски.
 
Македонија вечерва со почеток од 20 часот го игра првиот меч против Грузија, утре од 16 часот е вториот дуел. Двата натпревари се играат во СЦ Борис Трајковски, влезот е слободен.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе