Брестовац: Одбраната во второто полувреме ни ја донесе победата

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац по мечот противи Чиле ги истакна главните фактори за победата со која отидовме во вториот дел од Светското првенство. 

Македонија го победи Чиле со 32-29 и се пласираше во следната фаза од Светското првенство. Нашата репрезентација во нападот имаше континуитет во текот на целиот меч, но многу подобро заигра во одбраната во второто полувреме.
 
„Им честитам на играчите за победата. Натпреварите против Египет и Шведска во претходните две кола беа одлична подготовка за овој меч. Во второто полувреме ги отстранивме грешките во одбраната и тоа не однесе до потребната победа. Подобра одбрана и лесни голови. Добри беа нашите играчи од надворешната, бековска линија и тоа беше клучно за нашата победа“, рече македонскиот селектор.
 
Македонија во втората фаза ќе игра против Русија, Словенија и Белорусија.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе